Нивото на витамин Д во организмот е директно поврзано со тоа дали пациентот ќе се избори против короната или не, покажуваат новите епидемиолошки студии, вели професорот Ратко Ѓукановиќ, доктор на медицина од познатиот универзитет во Саутемптон (Англија).
Ѓукановиќ е еден од најдобрите светски експерти за астма и хронична опструктивна белодробна болест, истражувач и научник, имунолог и пулмонолог, основач и раководител на повеќе одделенија на познатиот универзитет.
На прашањето како ќе се заштитиме од вирусот КОВИД-19 сè додека не пристигне вакцината, во интервју за српски Недељник, професорот Ѓукановиќ одговори:
Прво физички. Треба да имате селска логика. Ако ми плукаш во лицето и имам маска, таа плунка нема да дојде до мене. Плунка или малите капки, тоа е истиот принцип. Измијте ги рацете, нема ракувања. Нормално, хигиената на просторијата е важна, јавните простории.
А личниот имунитет?
Витамин Д, пред сè. Постојат епидемиолошки студии кои барале корелација помеѓу просечната концентрација на витамин Д во метаболизмот и смртноста од КОВИД-19. И корелацијата е јасна. Витаминот Ц, нормално, исто така да се јаде и во овошје. Да се јаде добро. Важно е да се намали стресот. Студиите јасно покажаа дека тој ни ја одзима имунолошката сила. Народот треба да најде начин да нема стрес, што е можеби најтешкото прашање во Србија. Зошто луѓето се заразуваат на фудбалски натпревари? Затоа што се нервираат. Тоа е врвен стрес. Слично е и со свадби, каде што имаме и викање, замор. Исто така е важно да спиете добро – објаснува Ѓукановиќ.
Експертот особено ги предупредува луѓето со дијабетес и дебелина.
Дебелината го зголемува ризикот како да сте десет години постари, па ако имате 65 години и сте дебели, тогаш имате ризик како да сте 75 години, а смртноста е тогаш многу поголема. Вие не треба да екстремно да ослабувате, но ова ќе биде со нас уште една година. Физичката активност е најважна тука – посочува лекарот.
Имунолог проф. Д-р Борислав Каменов од Србија зборуваше во емисијата „150 минути“ за најдобрите витамини со кои треба да го изградиме имунитетот за време на пандемијата на коронавирус.
Но, кажа и дека претерувањето со витамини може да биде уште поштетно во случај на заразување со коронавирусот.
Како што вели дури 75 отсто од витамините влегуваат во организмот преку цревната флора, па затоа треба да знаете кои витамини се најдобри за пиење сега, но само во пропишаните дози.
„Што се однесува до цинкот, тоа е исклучително важно ако се земе во вистинска доза што ја имаат повеќето наши препарати. Тој е составен дел од главните регулаторни молекули кои ги корегираат грешките во нашите стресни клетки и со тоа системот полесно се бори против сите можни проблеми, особено против труење на организмот. Во овој случај, витамин Д е клучен за корекција на грешките. Тоа ги предизвикува макрофагите да го убијат вирусот кога ќе влезат во клетката. Ако немате доволно од тоа, тоа значи дека сте го труеле организмот и дека овие токсини го потрошиле витаминот Д. Витаминот Ц е исто така важен, како и пробиотиците кај луѓето кои имаат проблеми со стомакот“, заклучи тој.