Автомеханичарот Норберто Ди Натале (64) доживеа клиничка смрт која траеше неколку минути додека лекарите се мачеа да го вратат во живот. Во интервју за „Дејли стар“ тој изјави дека чувствувал дека неговото срце престанува да чука.
Норберто почина на неколку минути откако беше хоспитализиран поради тешка здравствена состојба предизвикана од Ковид-19.
– Слушнав од многу луѓе дека кога ќе се случи такво нешто, гледаат светлина на крајот од тунелот, а јас го видов потполно истото кога умирав. Нема да верувате, но се случи. И тој настан е нешто што не очекувате дека ќе се случи. Тоа е шокантно – изјави Норберто, пишува „Дејли стар“.
Автомеханичарот знае кога точно се заразил со корона вирусот во гаражата каде што работи. Од март 2020 година се грижел и ги следел упатствата за превенција на аргентинските власти, но поради невнимание при средба со луѓе двапати бил во болница.
Кога бил примен по втор пат, неговата здравствена состојба била многу полоша од првиот пат и се лекувал еден месец.
– Во болница едно лице умира во петок, друго во сабота, а трето во недела. Си помислив, сега е мојот ред – изјави Норберто.
Имаше тешка пневмонија и заврши на респиратор. Иако се чинеше дека ситуацијата се подобрува, на неговото семејство им било кажано дека прашање е дали ќе преживее.
Во најлошите моменти го броел отчукувањето на срцето и сфатил дека престанало да работи.
– Бев мртов неколку минути и не знам по какво чудо ме оживеаја – рекол автомеханичарот на крајот од разговорот.
Норберто моментално се опоравува дома и според лекарот ќе му требаат четири месеци додека целосно да закрепне.