Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Среќни сте поради деловната понуда која сте ја добиле. Ве очекува можност да остварите напредок кој го очекувавте. Сите показатели сега се на ваша страна, успехот самиот ќе пристигне.
ЉУБОВ: Имате многу заеднички теми со личноста која ви се допаѓа. Почетокот на нова врска е се поблиску. Постепено остварувајте се подобар однос и покажете и на саканата личност колку ви значи.
ЗДРАВЈЕ: Вашиот стомак е чувствителен на варење. Внимавајте на исхраната и потрудете се да го проверувате рокот на траење на намерниците кои ги јадете. Не конзумирајте храна од непознато потекло.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Поволен период за деловни преговори. Убедливи сте, па така лесно можете да остварите добри резултати. Доколку планирате да склучите нова работа, ќе успеете во тоа.
ЉУБОВ: Сите имаат право на грешка, па и вашиот партнер. Покажете му дека сепак имате доволно толеранција и разбирање. Немојте да заборавите дека никој не е совршен и дека љубовта значи и компромис.
ЗДРАВЈЕ: Можно е да сте вознемирени и да ве следат некои внатрешни дилеми. Лошо се чувствувате и потребен ви е некој вид на опуштање со цел малку да ги релаксирате вашите мисли и психа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Не сте заинтересирани премногу за работните обврски. Можно е да размислувате за промена на средината. Лошо се чувствувате кога сте на работа и не сте мотивирани.
ЉУБОВ: Саканата личност делува дека има премногу побарувања. На вас не ви се допаѓа тој став и сметате дека претерува во некои работи, дека има премногу високи критериуми. Ви недостига вашата слобода.
ЗДРАВЈЕ: Имате мака со киселина во желудникот или жолчката. Внимавајте на исхраната. Посетете доктор ако не се чувствувате добро.
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Може да очекувате нова можност да ги покажете вашите работни способности. Сега е можност да дадате се од себе. Ќе успеете да реализирате некои важни планови кои сте ги имале.
ЉУБОВ: Ви пречи однесувањето на вашиот партнер и немате доволно доверба во него. Делува дека флертува на повеќе различни страни, а тоа ви пречи и ве навредува. Не сте задоволни.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителноста на системот за дишење е нагласена сега, па лесно можете да бидете склони на респираторни инфекции. Чувајте ги грлото, синусите и главата. Зголемете го внесувањето на витамини.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Доколку се занимавате со некои работи кои се поврзани со униформа, можете да очекувате солидна ситуација на работното место, па и факторот среќа ќе биде на ваша страна.
ЉУБОВ: Личноста која ви се додворува делува некако несериозно, а вие барате стабилен партнер на кој можете да се потпрете. Можно е да продолжите во потрага на нови познаници.
ЗДРАВЈЕ: Проблемите со чувствителните очи се можни во овој период. Посетете офтамолог доколку имате било какво црвенило или непријатно чувство.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Поволен период за правење на детален план за идните трошоци и вложувања, особено доколку имате приватен бизнис. Сега е добра фаза се однаред да изанализирате и да ставите на лист хартија.
ЉУБОВ: Не знате како да реагирате затоа што саканата личност ве ставила пред свршен чин. Се чувствувате малку изгубено. Можно е да ви треба време за да прифатите одредени промени.
ЗДРАВЈЕ: Зголемете го внесувањето на магнезиумот со цел да помогнете при работата на нервниот систем. На тој начин му помагате на вашето срце, но и на останатите мускули, и генерално ја намалувате напнатоста.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Подготвени сте да покажате дека вредите за подобра позиција и дека вашите претпоставени може да имаат доверба во вас. Не ви е тешко да го дадете вашиот максимум на деловен план.
ЉУБОВ: Може да се каже дека во текот на овој период ќе бидете во центарот на вниманието и пред вас се бројни можности за флерт. Уживајте во вниманието кое го добивате од страна на спротивниот пол.
ЗДРАВЈЕ: Можни се помали проблеми со кожата, склони сте на иритација, појава на егзема или други неправилности на кожата, па затоа посетете дерматолог.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Ве очекува успешен период кога станува збор за работата. Пред вас се среќни околности. Не би требало да имате било какви тензии или проблеми на овој план.
ЉУБОВ: Ќе направите се што можете со цел личноста која ви се допаѓа да го покаже својот интерес. Сега очекувајте повратна реакција, но бидете трпеливи.
ЗДРАВЈЕ: Ве очекува поволен период во кој генерално не би требало да имате поголеми кога станува збор за здравјето.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Пред вас е склучување на ново партнерство. Можете да се надевате на значајни промени о остварување на бизнис стабилност. Пред вас се некои важни одлуки и важни потписи.
ЉУБОВ: Доколку сте слободни, пред вас е можност за ново познанство. Бидете отворени! Нема причина да ги криете вашите чувства и симпатии кон личноста која ви се допаѓа.
ЗДРАВЈЕ: Одлично се чувствувате и полни сте со енергија! Периодот е поволен за поголема активност и занимавање со спорт и рекреација. Поминувајте што е можно повеќе време на свеж воздух.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Имате многу работни обврски, но добро сте организирани и лесно ќе излезете на крај со тоа. Можно е многумина да се восхитуваат на вашите капацитети, затоа што работите двојно повеќе од другите.
ЉУБОВ: Емотивната ситуација е сосема стабилна и се гордеете на себе и на вашиот партнер. Сметајте дека заедно сте минале еден голем и тежок пат. Добро се чувствувате кога сте заедно.
ЗДРАВЈЕ: Зголемете го внесувањето на витамини и потрудете се на некој начин да го зајакнете вашиот имунитет. Направете крвна слика кога ќе имате можност, можно е мал недостаток на железо.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Низ среќни околности ќе успеете да остварите исчекор на деловен план. Некои ситни проблеми ќе бидат решени. Можете генерално да очекувате поволен период во кој ќе ве следи среќата.
ЉУБОВ: Нова љубов е пред вас. Можете да се надевате на многу пријатни моменти со личноста која ви се допаѓа. Таа ви покажува дека не е сосема ладна кон вас и тоа ви влева надеж.
ЗДРАВЈЕ: Ви се препорачува поголема физичка активност. Важно е да се позанимавате со тоа и да се вратите во добрата кондиција која сте ја имале. Посветете доволно време за вежбање.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Може да очекувате големи успеси и промени на поле на работата. Пред вас е можност да ги остварите вашите големи идеи. Особено ако се занимавате со уметнички дела.
ЉУБОВ: Имате максимална доверба во вашиот партнер. Можно е да планирате зголемување на семејството. Во наредиот период ќе бидете уште поблиски и вашата заедница ќе биде се потопла.
ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате во ваша кожа и немате никакви проблеми. Имате сосема доволно енергија за се што е пред вас и немате никакви проблеми на полето на здравје.