Невидено злосторство се случи во Велика Британија, во кое беше убиено новороденче, откако беше отруено од медицинска сестра во детската болница во Бирмингем, јавува Нова. Како што пишуваат британските медиуми, бебето починало брзо и неочекувано, а наводна причина за смртта е труењето на кое детето било изложено неколку дена пред смртта.
Сестрата е уапсена, а против неа е покрената истрага. Апсењето на медицинската сестра предизвика бурни реакции кај родителите чии деца се лекуваат во оваа болница, пишува ДејлиМејл.
Управата на болницата веднаш ја суспендираше сестрата и испрати писмо до нејзините родители со детали за инцидентот. Раководството на болницата се обидува да ги намали стравувањата за безбедноста на нејзините потомци.
„Едно дете неодамна почина на одделот за детска интензивна нега откако неговото здравје брзо и неочекувано се влоши. Кога ќе се случи такво нешто, ние како институција мора прво да спроведеме детална истрага, за потоа со сигурност да дадеме детали“, се вели во соопштението од болницата.
Портпаролот на полицијата во Вест Мидленд потврди дека медицинската сестра е уапсена.
– За жал, детето во четвртокот почина во болница. Таа била уапсена во четвртокот вечерта поради сомнение дека на детето му дала отров со намера да му го загрози животот. Таа е пуштена на слобода бидејќи нема основи за попречување на текот на истрагата, а во моментов се испитуваат резултатите од вештачењето – изјави портпаролот.