Рускиот и украинскиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба имаа состанок во Анталија, каде што се разговараше за теми кои ги засегаат двете страни кои се во војна.
По состанокот, двајцата се обратија на медиумите, но на посебни прес-конференции, а Лавров кажа дека тие не ја нападнале Украина.
„Бараме начин како да излеземе од кризата во Украина. Се прашувале дали тие ќе прекинат со таа политика да ја направат Украина закана за Русија. Не добивме одговор како ќе се постават во таа позиција. Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ниту Украина. Ова е специјална мисија во Украина, која во моментов претставува директна закана кон сигурноста на Руската федерација“, кажа Лавров.