Веруваме дека жителите на британската престолнина се навикнати на секакви сцени, но речиси и не виделе жена која среде бел ден води на поводник – камила.
Луѓето најчесто се шегуваат во коментарите и наведуваат дека ова е одличен начин да се „избегне градската гужва“ и „лесно да стигнете до вашата дестинација“.
Сите бараат одговор зошто сограѓанката решил да го прошета необичното животно, а некои сметаат дека се работи за „божиќно шоу“, каде што камилата најчесто ја придружуваат тројца мудреци.
Видеото го снимила жена која ќерката ја предупредила за уникатната сцена, а прво помислила дека детето ја лаже, пренесува Daily Mail.
„Не, денес видов премногу чудни работи. Што се случува?“, се слуша како вели низ смеа.
Останува нејасно од каде дошла камилата, а нивното чување не е забрането во Британија со посебна дозвола од локалните власти.
What is a camel doing in London pic.twitter.com/FdnhRv3AXv
— UB1UB2 West London (Southall) (@UB1UB2) December 18, 2023