Интересна свадбена фотосесија на пар од Македонија. Тетовчаните Ивана Бојческа (24) и Синиша Симјаноски (32) по 5 години врска ќе ја крунисаат својата љубов со брак.
Пред свадбата тие си направија интересна свадбена фотосесија на жичница во Попова Шапка.
Заљубените партнери позираа во свадбената облека на скии на Попова Шапка.
„Попова Шапка студена, Попова Шапка снежна, Попова Шапка РОМАНТИЧНА. Кога љубовта кон активниот туризам и љубовта кон својата партнерка или партнер ќе се спојат! Среќни сме што имаме вакви луѓе во Македонија!“ – пишуваат на Kajak.mk.
Фотографиите се дело на RED Central Production.