БАРАЊА НА БАЛКАНСКИТЕ ЅВЕЗДИ ПРЕД НАСТАП: Вода, непрскано овошје, соблекувални без прозори…  (ФОТО)

by Тони Зографски

За разлика од светските музички ѕвезди кои имаат разноразни желби и потреби пред настап, нашите балкански ѕвезди се многу поскромни, но има и прибирливи.

(Фото: С. Спасиќ)

Скромни барања има Драгана Мирковиќ која во својот бекстејџ сака да има само вода.  Истото се однесува и за Светлана Цеца Ражнатовиќ.

– Во мојата рајдер-листа има само вода која не смее да биде ладна, и ништо друго – вели Цеца.

(Фото: В. Шпорчиќ)

Лепа Брена пак покрај освежување бара да има и овошје.

– Едноставно, сакам да има свежо овошје без разлика кое е. Важно е да биде полно со витамини – открива Брена

За разлика од оваа “тројка“ списокот на барања од Јелена Карлеуша “малку“ е подолг.

Таа од организаторот на фестивалот во Врњачка Бања барала: непрскани јаболка, светска марка на минерална вода, безглутенски грицкалки, но и папагал.  Исто така Јелена барала просторијата во која се пресоблекува да нема прозори, пред вратата да има обезбеден паркинг, и нормално, додатно обезбедување.

останати вести