Група астрономи пронајдоа потенцијални знаци на живот во атмосферата на соседната Венера. Индициите се дека можеби се работи за микроби кои живеат во облаците со сулфурна киселина на жешката планета.
Научниците се сосема изненадени од откритието на фосфинот што може да навестува непознати процеси што се случуваат на Венера.
Ова ја отвора можноста дека може да има живи организми во облаците во Венера.
Списанието „ Nature Astronomy“ објави детали за набљудувањата на фосфинот на Венера, како и истражувањето спроведено за да се покаже дека оваа молекула може да има природно, небиолошко потекло. Со оглед на сè што знаеме за Венера и условите што постојат таму, никој сè уште не бил во можност да го опише абиотскиот пат кон фосфинот, не во откриените количини. Ова значи дека изворот на животот заслужува разгледување, пишува BBC.
„Во текот на целата моја кариера, бев заинтересиран да барам живот на друго место во вселената, така што сум само воодушевен што тоа е дури и можно“, рече проф. Греис. “Но, да, ние искрено ги охрабруваме другите луѓе да ни кажат што можеби сме пропуштиле. Нашата работа и податоци имаат отворен пристап, така функционира науката.”
Фосфинот сугерира присуство на живот и сега постои идеја дека има живот во облаците на Венера, но засега тоа е само идеја.
Фосфинот е молекула која се состои од еден атом на фосфор и три атоми на водород. На Земјата, фосфинот е поврзан со живот, со микроби кои живеат во цревата на животните како пингвините или во средините сиромашни со кислород како мочуриштата. Фосфинот на Земјата е запалив, има мирис и е отровен и се произведува од бактерии на кои не им е потребен кислород, како што се оние во мочуриштата, тињата или дури и во цревата на животните.
Венера е слична по големина на Земјата и честопати се нарекува близнак на Земјата, но таа навистина не е така, пишува CCN. Тоа е необична планета што научниците сè уште се обидуваат да ја разберат. Тоа е нашиот најблизок планетарен сосед, но се врти наназад во споредба со другите планети. Густата атмосфера на планетата помага да се задржи топлината, а нејзината површина е доволно жешка за да стопи олово.