Некогашната пејачка на групата „Мањифико“ Невенa Кочовска вчера го прослави својот 80. роденден. Роденденската честитка прво стигна од нејзината ќерка, актерката Тања Кочовска, која објави на социјалните мрежи, а потоа се редеа честитки..
Тања објави две фотографии од мајка си. Едната кога била млада, а другата од денешницата.
„80“, напиша таа под колажот фотографии.
Инаку, Невена боледува од Алцхајмер, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање.