Модната дизајнерка Вера Ванг (73) вчера се појавила на доделувањето на модните награди CFDA на Здружението на американски дизајнери и по тој повод ги оставила сите присутни во неверување.
Облечена во краток црн фустан, со голи рамена и чевли со високи платформи, Вера изгледала како тинејџерка.
Уште еднаш се наметнува прашањето: Како е можно во осмата деценија да изгледа толку младо?
За време на прославата на нејзиниот 73 роденден, луѓето шокирано гледале во дизајнерката која се облекла во baby pink, чудејќи се на нејзиниот физички изглед. Вера во неколку наврати зборуваше дека генетиката пресудила во нејзина корист, но и тоа што со години се занимавала со уметничко лизгање.
Во една прилика на прашањето како успева да изгледа така на тие години, одговорила: „Работа, сон, коктел со вотка и избегнување сонце“.
Вера не крие дека деновите ги поминува трчајки на трака и дека јаде многу малку.
Години наназад, Вера дизајнира облека за Ванеса, за речиси сите нејзини јавни настапи.