Елизабет Харли, со својот изглед на прагот од седмата деценија, докажува дека правилната исхрана е клучот за младешки изглед. Иако наредна година ќе наполни 60 години, нејзината става е совршена, а и таа самата тврди дека тајната не е во скапите третмани, туку во балансираната исхрана и едноставните навики.
„Не јадам брзо, не јадам многу, не јадам често и не јадам доцна“, открива Елизабет, објаснувајќи дека консумира помали оброци и внимава убаво да џвака.
Нејзините оброци задолжително вклучуваат свежо овошје и зеленчукот, а лебот си го прави сама дома, од здрави, домашни состојки наместо индустриски преработена храна.
Што се однесува до суплементацијата, Елизабет се потпира исклучиво на резултатите од крвната слика – зема суплемент само кога лекарите ќе ѝ укажат на дефицит на одреден витамин. Притоа, ги одбегнува трендовите како зелени кашести сокови и детокс-пијалаци.
„Не правам никакви чудни зелени напивки или шејкови. И не земам никакви суплементи, освен ако анализата на крвта не ми покаже недостиг од некој витамин“, вели Елизабет.
Згодната актерка тврди дека јаде буквално сè, но само ако е приготвено во нејзината кујна, од намирници што самата ги набавува.
„Не купувам никакви готови или полуготови јадења, ништо диетално, ниту бисквити, сендвичи, газирани пијалаци. Јадам и леб, но овој што го правам дома во апарат за месење. Единствено го почитувам правилото половина од мојата чинија да биде наполнета со овошје или зеленчук. Ако направам сендвич дома, од мојот леб, тогаш секогаш јадам и јаболко“, објаснува Елизабет.
Благодарение на овој режим, Харли и денес изгледа неверојатно, а нејзината става е беспрекорна, па не е ни чудно што е одбрана меѓу стоте најзгодни жени на светот.