Започна 77. Кански филмски фестивал. На премиерата на француската комедија „Le Deuxième Acte“ (Втор чин) присуствуваа бројни ѕвезди, меѓу кои и белгискиот модел Роуз Бертрам.
За таа прилика таа облече гламурозен црвен фустан кој го истакна нејзиното деколте. Стајлингот го комплетираше со луксузен накит од бело злато и дијаманти од познатиот бренд “Mesika”. Фотографите ја забележале веднаш штом зачекорила на црвениот тепих.
Многумина го фалат нејзиниот изглед. Социјалните мрежи се преполни со слики од манекенката и комплименти за нејзиниот изглед.
Својата кариера ја започнала на млада возраст
Роуз ја започнала својата кариера кога имала само 13 години. На 18 години се преселила од Белгија во Лондон, каде потпишала со агенцијата Мерилин. Снимаше бројни модни кампањи за брендови како „H&M, L’Oréal, Hunkemöller и Primak“ и позираше на насловните страници на бројни списанија.
Таа е првата белгиска манекенка која се појави на насловната страница на „Sports Illustrated Swimsuit Issue 2015“.