Актерката Хали Бери на Инстаграм ја покажа својата необична облека , тесен црно-бел фустан, а потоа покажа што се случило кога се обидела да го соблече.
Имено, 57-годишната актерка се мачеше да го соблече фустанот, а иако добро се насмеа, во еден момент праша кој е дизајнерот на модната комбинација со која се мачи.
„Ана Куан? Ана Куан, мислам дека ова ќе мора да го пресечеме.“, вели низ смеа, а сцената насмеа многумина.
„Дали играш Твистер?“, „Обично сум сама кога ќе се случи ова“, „Сестро, ја знам оваа борба“, „Обично заспивам во облека што не можам да ја соблечам“, „Ова е премногу смешно“. и „Веќе пет пати го гледав видеото и не можам да престанам да се смеам“, се само дел од коментарите.