Поп кралицата Мадона на социјалните мрежи сподели видео како оди со бастум. Таа откри дека е во Лисабон и дека со неколку свои соработници биле во црква, каде што е и снимено видеото. Иако нејзиниот дух можеби засекогаш ќе остане млад, сепак телото го трпи товарот од години.
Инаку, светската турнеја на Мадона во Америка и Европа, е извонреден напор за секој изведувач, а особено за некој кој има 61 година. Турнејата ,,Мадам Х” која ќе трае 93 дена започна во септември, проследена со низа откажани настапи. Досега има осум концерти што не се одржале, а биле прекинати на барање на лекарот бидејќи Мадона се борела со „голема болка“ и исцрпеност, и покрај низата третмани кои вклучуваат трансфузија на крв, ледени бањи и масажи.
https://www.facebook.com/madonna/videos/108164937296761/?t=0