Бремената Ана Ивановиќ стигна на венчавката на нејзиниот брат Милош и Драгана Џајиќ, ќерката на фудбалската легенда. Светкавиот фустан суптилно го покажал нејзиното трудничко стомаче, додека таа на високи потпетици влегувала во сала.
Ана дошла со своите родители, бидејќи нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер вечерва има има натпревар за Чикаго.
Поранешната тенисерка деновиве откри дека за некој месец по втор пат ќе стане мајка. Ана и Швајни веќе го имаат синот Лука.
Инаку, на свадбата на Милош и Драгана највпечатлив момент бил кога фудбалската легенда Драган Џајиќ ја предава својата ќерка. На свадбата меѓу другите присуствувал и Здравко Чолиќ.