Почина Александар Стојановски (45), гинеколог и поранешен директор на Клиничката болница во Штип.
Д-р Александар Стојановски, поранешниот директор на Клиничката болница-Штип починал во Грција за време на својот годишен одмор. Според неофиоцијални информации кои кружат во градот, тој доживеал срцев удар на плажа.
Штипјани, вознемирени од веста за младиот доктор, кој имаше само 45 години, велат дека д-р Стојановски живеел навистина здрав живот, со редовни спортски активности, но како што потенцираат, најверојатно срцевиот удар го добил поради претходниот стресен период.
Д-р Александар Стојановски функцијата директор на Клиничката болница Штип ја извршуваше до 2017 година, а во последниов период се посвети на специјализацијата, односно специјализираше гинекологија.
Comments are closed.