Триесет и шестгодишен кумановец е полесно повреден при судар на две возила марка БМВ на автопатот Тетово-Скопје. Двете возила по сударот излетале од патот кај таканаречениот Требошки натпатник околу 10:30 часот.
-При сударот повреден е возачот на БМВ со швајцарски таблици, И.С (36), кој е од Куманово. Тој бил однесен во Тетовската клиничка болница, каде по пружената помош е пуштен дома, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Второто возило марка БМВ го управувал Б.М (25) од тетовски Челопек, кој поминал без повреди.
Полицијата изврши увид на самото место со цел да се утврдат поединостите од сообраќајната незгода.
(фото: Алсат)