Кога е во прашање плус сајз моделот Ешли Грем ништо не е чудно. Иако има вишок на килограми и е во поодмината бременост Ешли на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позираше целосно гола и тоа само неколку дена пред официјалниот термин за породување.
“Отсекогаш отворено сум зборувала за моето тело, особено за масните наслаги и целулитот кои сè уште можат да ми ја “разнишаат” самодовербата”, признала манекенката која смета дека е важно жените, но и сите останати, да зборуваат за своите несигурности.
Инаку, ова е нејзина прва бременост, а детето го очекува со сопругот Џастин Ервин.
https://www.instagram.com/p/B7UvSnAAlFB/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B3VvqQWgr8G/?utm_source=ig_web_button_share_sheet