Адријана Лима го најави своето враќање во светот на модата. Во моментов се емитува документарниот филм Victoria’s Secret: The Tour, кој дава нов увид во познатата модна ревијална програма. Фокусот е на славењето на различностите и прифаќање на жените од сите облици, раси и етнички припадности.
Во најавата за документарецот, Адријана ја видовме и како најголема ѕвезда на модната писта. Сосема нормално и очекувано, нејзината фигура се промени по породувањето и повлекувањето од модната писта.
Иако во неколку наврати беше обвинувана за помали естетски интервенции, пред сѐ за ботокс и инјекции со хијалурон, јасно е дека Лима е во процес на промена на телото дури по породувањето.
Убавицата неодамна објави фотографии од фестивалот во Венеција, кои ги воодушевија нејзините следбеници.
На нив изгледа божествено, а нејзината „стара“ фигура ги изненади дури и најверните почитувачи на нејзиниот лик и дело кои пред летото ја видоа во покрупно издание.
Но набрзо беше откриено дека се послужила со алатките за разубавување на фотографиите.
Очекувано, многумина во коментарите ја осудија Лима дека е соучесник во притисокот дека жената мора по секоја цена да ослабне по породувањето и дека праќала лажна слика и порака на други жени.
На необработените фотографии од Венеција, Лима изгледа одлично, но не толку добро како оние што ги објави на Инстаграм.