Во Грција ова лето однесувањето на грчките плажи ќе биде радикално променето од она на што се навикнати мештаните и туристите.
Според порталот Грик рипортер, најважно е она што го правиме кога не сме во вода, а тоа претставува најголема опасност за грчките власти, поради што сметаат дека е неопходно да се воведат одредени мерки.
Меѓу мерките што ги разгледуваат властите се:
– поединечен влез на организираните плажи за да се избегнат гужвите;
– чистење на лежалките со специјални средства за дезинфекција по заминувањето на туристите;
– одржување на растојание од лежалка до чадорите за сонце;
– резервација на лежалките
И додека плажите уште некое време дефинитивно ќе бидат празни, бидејќи сезоната не се очекува да започне пред јуни, се очекуваат промени и далеку од песокот.
За почеток, се очекува да само одредени туристи од одредени земји да можат да влезат во Грција.
-Секоја опција за патување оваа година вклучува почитување на новите правила. Треба да смислиме нови правила за хотелите, плажите, базените, појадокот во сместување, нови правила за екскурзиите, автобусите, рече грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис.
Тој исто така изјавил дека Грција ‘јасно и гласно’ сака луѓето да ја посетат во текот на летото кое доаѓа.
„ Ние сакаме луѓето да дојдат во Грција. Секако дека ќе преземеме мерки за претпазливост во поглед на барањата за патување, во погледот на начинот на кој што се патува, начинот на кој што остануваме на плажите и така натаму“ .