Шведската телевизиска водителка Улрика Џонсон (52) изјави дека се плаши дека до крајот на карантинот повторно „ќе биде девица“. Taа е во изолација со 3-те деца тинејџери, а во 2019 година се разведе од третиот сопруг Брајан Монет поради тоа што во нивниот брак немало секс.
Улрика сега има ново момче, а бидејќи не може да биде со него, се пожалила на недостаток на секс.
Таа за својот живот без секс напишала колумна објавена во магазинот „БЕСТ“.
„Ми требаше некое време за да ми се разработи мојот внатрешен секс мотор, а сега коронавирусот ми го одзема горивото и ме затвори во изолирана гаража без ништо“, изјави таа.
„Јасно ми е дека веројатно ќе кажете дека недостатокот на интимност, допир, љубов и нежност не ви се високо на листата со потреби во овој момент и ве разбирам. Но, ми требаше многу време за да го репрограмирам својот мозок да се разбуди и да почне да размислува за нежност. А сега морам да го правам обратниот процес“, додала таа.
„Од едн страна размислувам дека повторно ќе излегувам на состаноци, а од друга страна се плашам дека кога сето ова ќе заврши повторно ќе бидам девица“, напишала водителката.
Претходно објави дека со новото момче ѝ е одлично и дека нивниот прв секс бил фантастичен.