-Според мене треба да се забрани градоначалници да бидат луѓе кои имаат било каков бизнис, кои се сопственици на бизнис или кои се дел од семеен бизнис. Тоа истото треба да важи и за Владата на државата во која не смее да има бизнисмени, – смета граѓанската активистка и професорка, Мирјана Најчевска.
Според неа, јавниот интерес е секогаш загрозен од приватниот, а бизнис логиката нема позитивно влијание врз решавањето на проблемите на луѓето на локално ниво.
-Не треба општините да се водат по принципот дури и на добро управувани претпријатија, затоа што во оваа сфера не смее да пробие ни на мала, а камо ли на голема врата логиката на профитот, -објавува Најчевска.