Тилан Блондо на само 4-годишна возраст за првпат зачекори на модна писта, а две години подоцна беше прогласена за „најубаво девојче на светот“. Денес, таа успешно се пробива во модната индустрија.
Шармантната девојка беше дел од најновото издание на Канскиот филмски фестивал и ја проследи премиерата на филмот „The Apprentice“.
23-годишната модна ѕвезда зачекори на црвениот тепих во црн фустан со чипка од Givenchy, кој го надополни со накит од брендот Messika.