Најпознатата манекенка на денешницата, Бела Хадид, неодамна ја претстави својата линија парфеми наречена „Orebella“. По тој повод таа организирала вечерна забава во Западен Холивуд, а фотографите не ја пропуштиле можноста да ја фотографираат оваа 27-годишна убавица.
Заносните фотографии од Бела стигнаа до социјалните мрежи, а таа маѓепса многумина со изборот на фустан за вечерната пригода. Како што може да се забележи, најубавата жена на светот носела лелеав фустан во валкано розова боја, а цветните мотиви во виолетова боја го надополниле „винтиџ“ дизајнот.
Покрај ситните детали, споменатиот фустан го краси и длабоко деколте кое ги истакнало градите и ја нагласило женската фигура на најпосакуваната жена во модната индустрија.
Хадид го надополнила стајлингот со сандали со интересни детали, косата ѝ била навиткана во нежни локни, а шминката ѝ била минимална и во тонови како креацијата.
За потсетување, Бела ја доби титулата најубава жена на светот во 2022 година, а пластичниот хирург Џулијан де Силва го заклучил тоа користејќи ја методата која се заснова на златниот пресек.