Турските медиуми јавија дека еден од најпопуларните турски актери, Бурак Озџивит и неговата сопруга Фахрие Евџен, денес станаа родители. Фехрие, позната по улогата на Неџла, се породи во 13:30 часот. Бебето се вика Каран тежи 3.670 грама, а е долго 52 сантиметри.
-Таткото присуствувал на породувањето и не можел да ги сокрие солзите – пишуваат медиумите.
Актерката се породи порано од предвидениот термин кој бил на 20 април.