Британката Карла Белучи (42) е наречена „најомразената жена во Британија“, а сега повторно е во центарот на вниманието.
Овој пат причината била тоа што на членовите на семејството им ја наплатила божиќната вечера што ја организирала.
Белучи решила на своите роднини да им наплати 170 евра по човек, бидејќи сметала дека треба да ѝ надоместат што се намачила да подготвува оброци за 15 луѓе.
„Не е евтино да се хранат луѓето и потребно е многу време да се подготви убаво јадење“, вели 42-годишната Карла за Дејли Меил, која нормално не прифаќа никакви критики и им кажува на оние кои не се согласуваат со неа.
Белучи има потесно семејство од шест члена, во кое се и нејзиниот сопруг Гиа и нејзините три најмали деца – Таниша (18), Џејден (15) и Блу (12 месеци), а очекува на божиќната вечера да присуствуваат уште девет роднини, од кои таа очекува однапред да ѝ платат за раскошниот оброк.
200 долари вклучува целосна вечера со мисирки и една чаша шампањ. Секое дополнително консумирање алкохол значи – понесете свои шишиња алкохол, вели Белучи. Таа признава и дека ќе и останат барем дел од парите од раскошната празнична гозба.
„Сѐ што правам е за профит и моето семејство го разбира тоа“, објаснува. Сепак, некои роднини можеби ќе се „згадат“ од таа идеја и затоа нема да дојдат, но „ако сакаат квалитет, мора да платат за тоа“, вели Белучи.
„Можеби ќе најдат поевтини јадења со месо отколку кај мене, но мојата вечера ќе биде многу поелегантна. Не би им било поевтино да одат во ресторан или хотел на божиќна гозба, па зошто јас да бидам остана со празни џебови?“, заклучува претприемничката Карла.
Нејзините гости, исто така, ќе можат да го слушаат божиќниот говор на кралот Чарлс, бидејќи телевизорот ќе биде вклучен за време на празникот, што се чини дека Белучи го квалификува како уште една придобивка. Ќе спроведе и строг распоред – ќе ја отвори вратата од својот дом во 14 часот, а има намера да „исфрли сѐ и да ги испрати дома“ во 22 часот.
Да потсетиме, ова не е прв пат да ја нарекуваат „најомразената жена во Британија“. Оваа мајка на четири деца во 2020 година се пофали дека потрошила 10.000 долари на ботокс и други третмани наместо да им купува новогодишни подароци на своите деца. Во 2019 година, таа предизвика гнев во јавноста откако призна дека лажирала депресија за да го оперира носот на сметка на даночните обврзници. NHS во Обединетото Кралство е јавно финансиран.
Таа се обиде и како модел на OnlyFans, но се откажа од тоа во 2022 година, бидејќи стана премногу „излитен“ за неа. Претходно оваа година, таа за британскиот The Sun признала дека ангажирала машки стриптизери за роденденската забава на нејзината ќерка тинејџерка. На нив потрошила повеќе од 700 долари, а на роденденот требало да послужуваат храна носејќи само престилки кои им ја покриваат „машкоста“.