Три четвртини од починатите од коронавирус го имале вирусот во срцето, покажува најновото истражување на срцевото ткиво. Како што објави американскиот магазин Сајенс починатите пред смртта имале абнормални аритмии.
Оваа најнова студија, како што се наведува, нуди увид во тоа како болеста може да го оштет срцето и како одредени третмани може да помогнат да се спречи фатален исход.
Научниците собрале доволно докази за оштетување на срцето кај пациенти со коронавирус, а се ппокажало дека дел од пациентите имале зголемено ниво на тропонин, молекули кои е солободуваат во крвта кога доаѓа до оштетување на срцето.
Некои пациенти добиле воспаление на срцевата ќеса која го опкружува срцето, а имало и случаи на воспаление на самиот срцев мускул, но не е јасно дали овие проблеми се предизвикани од коронавирусот кој до нападнал срцето директно или е се последица на преактивен имунолошки одговор.
Истражувањето било спроведено во Општата болница во Масачусетс на околу 1000 срцеви ткива.