Тетовската „Бамикор медика“ во својата објава на Фејсбук истакнува дека „со длабока болка и тага“ ги известува сите нивни соработници и пациенти дека во синоќешниот пожар во Тетово „трагично го загуби животот нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко“.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, истакнуваат од „Бамикор медика“, тетовска поликлиника, семејна и општа медицина.

Во објавата не е наведено во кое својство Шакири се нашол во монтажната болница, односно дали таму работел, бил како пациент или придружба на пациент.

Во досегашните официјални информации беше истакнувано дека во пожарот не е загинат ниту еден здравствен работник.