Четири од 10 лица на возраст меѓу 19 и 49 години имале проблеми со бубрезите, белите дробови и другите органи за време на лекувањето, јави Би-Би-Си.

Студијата вклучува 73.197 лица во 302 болници во Велика Британија за време на првиот бран на коронавирусот во 2020 година.

„Пораката е дека ова не е болест што ги погодува само постарите лица и ранливите“- рече професорот Калум Семпл, кој го водеше истражувањето.