Поранешната скијачка Линдзи Вон по одењето во пензија стана чест гостин на разните модни случувања.
Модната комбинација која оваа недела ја избра за забавата на магазинот Vanity Fair во Њујорк крена многу прашина.
Имено, Линдзи се појави во црна проѕирна комбинација под која и се видеа гаќичките. Но, и звездите на нејзиниот фустан не успееја многу да покријат, па во еден момент излегоа на “мегдан“ и брадавиците на нејзините гради.
Инаку, скијачката пред неколку недели се омажи за хокеарот Пернел Карл Субан кој ја запроси во нивниот заеднички дом во Лос Анџелес со смарагден прстен.