Една од најатрактивните спортистки на светот, атлетичарката Алиса Шмит обезбеди пласман на Олимписките игри во мешана штафета 4х400 метри.
Очигледно спортскиот успех не е проследен со очекуваната заработка од спортот.
Имено, атрактивната Германка привлекува внимание со својот изглед каде и да се појави, па е дел од кампањите на бројни брендови со кои има спонзорски договори. Заработува и од социјалните мрежи каде има околу 5 милиони следбеници.
Сепак, оваа дваесет и петгодишна девојка, која годинава ќе дебитира на Олимписките игри во Париз, не е презадоволна од „скромната“ плата. Имено, Алиса откри дека нејзините главни приходи доаѓаат од германска спортска фондација и дека изнесуваат околу 700 евра.