Австриските лекари сметаат дека при лекувањето на потешко заболените од Ковид-19 еден од најголемите проблеми е што пациентите долго време треба да бидат приклучени на респиратор, односно, да бидат на интензивна нега.
Шефот на одделението за интензивна нега при универзитетската клиника во Инсбрук Михаел Јоанидис смета дека проблемот е во тоа што пациентите долг период мора да бидат задржани на интензивна нега.
„Во просек тие 14 дена се приклучени на респиратори, што е многу тешко оптоварување на организмот. Долгото лежење претставува голем предизвик за целата интензивно медицинска нега“, изјави тој.
„Посебно внимантелно делување е важно затоа што новиот вирус пред се ги напаѓа белодробните крила“, нагласи докторот и додаде дека често како поддршка користи други апарати како што се апаратите за дијализа и машина за одржување на работата на срцето и белите дробови.
Најголем дел од пациентите се на возраст од 60 до 70 години, а како што вели тој доктор, во ризичните групи спаѓаат и лицата кои имаат висок притисок, зголемена тежина или проблеми со белите дробови, како и дијабетис.