-Целата недела се правеа тестирањеа во кризните региони, бројките се резултат на тоа, таквото таргетирано тестирање беше рана дијагностика за навремена изоилација на сите контакти кои се носители на вирусот. Се покажа дека најголем број од заболените се заразени на семејни прослави, па со ваквата стратегија ги изолиравме сите контакти на заболените. Полицискиот час за викендов дозволи брзо тестирање, има подобра соработка со граѓаните, епидемиолозите побрзо пристапија и тестираа- рече министерот за здравство Венко Филипче.
Инаку, комисијата за заразни болести побара ограничување на движењето на граѓаните на Скопје, Куманово, Тетово, Штип и другите критични региони и предложи полициски час од 22 часот навечер до пет часот изутрина. Владата за ова прашање ќе одлучува утре.