Компаниите „Синофарм“ и „Фајзер“/„Бионтек“, чии вакцини се даваат во две дози, започнаа истражувања кои вклучуваат давање и на трета доза.
Главната причина е да се спречи каква било можност за заразување примарно со новите соеви на ковид 19.
Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, за странските медиуми изјави дека се надева дека уште една, трета доза на вакцина дополнително ќе го зајакне имунолошкиот одговор против коронавирусот и ќе помогне во борбата против неговите нови варијанти.
„Веруваме дека третата доза ќе помогне во спречување на инфекцијата од 10 до 20 отсто“, рече Бурла.
Претставниците на „Фајзер“ сметаат дека короната, како и секој друг грип, мутира и дека вакцините соодветно ќе се модифицираат и подобруваат и дека ќе треба да се вакцинираме против короната секоја година.
„Секоја година треба да се вакцинирате против грипот, така ќе биде и со короната. За една година, ќе мора да одите да се вакцинирате против ковид за да се заштитите една година“, рече Бурла, пренесува „Блиц“.