„Вестфлетерен“, особено неговата најтемна варијанта, важи за најбарано пиво на светот. Белгиските монаси кои го произведуваат ќе започнат со веб-страница за да спречат трговци да заработат пари на нивниот производ. Опатијата Св. Сикст во Вествлетерен во Фландрија е една од 14-те официјални Трапист пивари. Клиентите можат да добијат сандак од ова пиво за околу 45 евра – околу 1,8 евра по шише. По правило, монасите бараат клиентите да не препродаваат пиво.
Традиционално, продажбата беше ограничена на тесен круг клиенти, кои нарачуваа максимум два сандука пиво по лице по телефон. Монасите беа изненадени кога минатата година дознаа дека нивното пиво било продавано во холандски супермаркет со цени „до небо“.
Цените во Брисел и во другите градови може да бидат дури и повисоки, бидејќи побарувачката за пиво, која експертите ја опишаа како најдобра во светот, е многу висока.
Во Дубаи, шише од тоа пиво се продава за 300 долари, велат монасите. Монасите не заработуваат пари од продажбата на пивото. Напротив, тие произведуваат количина што е доволна само за покривање на годишните трошоци.
Пивото се прави во три варијанти, при што „вестфлетерен 12“, иако содржи 10,2% алкохол, редовно е прогласувано за најдобро пиво на свет.