Малиот Македон Димитриевски од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција, ги доби златните медали за освоените први места по математика на СВЕТСКО НИВО.
Генијалецот, со кој се гордее цела Македонија, е ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово.
Минатата година Македон се сретна со претседателот Стево Пендаровски .
„Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата“, рече тогаш претседателот и посочи дека е неопходно институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.