Четириесет и осумгодишна скопјанка вчера излегла од Клиниката за кардиологија во Скопје со вграден стент ама и „олеснета“ од бурмата и друг прстен кој го носела на раката додека ѝ била вршена медицинската интервенција, дознава „Слободен печат“ од свои извори.
Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврдуваат дека имаат пријава за настан кој се случил вчера.
На 19.04.2023 во 12 часот и 45 минути во СВР Скопје А.О (48) од Скопје пријавила дека ѝ бил одземен накит во една од клиниките во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде претходно ѝ била извршена операција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.