Наставничката по математика Иде Мик Габан (39) од Даблин откри дека преживеала два месеци само со храна од контејнери. Ноќе, вели таа, го обиколува своето соседство и ги пребарувала контејнерите со цел да се намали вкупната фрлена храна во нејзиниот град, и така си обезбедила три оброка дневно и закуски и заштедила уште повеќе.
Таа се опишува себеси како „еколошки воин“ и јаде сè, од контејнери – овошје, зеленчук, месо, готови јадења и чоколади. Своето движење таа го нарекува „фреганизам“ и вели дека во основа станува збор за „присвојување на фрлената храна“.