Полицијата во Мисури пронашла тела на четири деца кои мајка им ги запалила додека спиеле, а потоа ги проголтал пламенот.
Страшна семејна трагедија се случила ноќта помеѓу 19 и 20 февруари во домот на Бернадин Пруснер, а во пожарот загинале деветгодишните близначки Ели и Ива, петгодишниот Џексон и двегодишната Мила, објави Еј-Би-Си Њуз.
Се сомнева дека Бернадин се решила на овој грозоморен потег по кавгата со поранешниот сопруг за старателството над Ели и Ива.
Извори од истрагата наведуваат дека во куќата била пронајдена проштална белешка во која Бернадин јасно објаснил дека ќе се убие себеси и децата.
Бернадин, која работела како учителка и била обожавана од сите на работа, објави фотографија од своите деца на Фејсбук неколку дена пред трагедијата и напиша: „Ние против целиот свет. Благословена сум што сум нивна мајка. Живејте го секој ден како да ви е последен“.
Вечерта пред да се убие себеси и децата, таа објавила уште еден емотивен статус.
“Сите мои деца мирно спијат во своите кревети. Знам дека ги сакам толку многу што ќе направам сѐ за нив. Ова е мојот најубав момент”, напишала Бернадин.
Потоа, се верува дека влегла во спалната соба и го запалила душекот од брачниот кревет каде што спиеле малите.
Пожарот околу 4 часот утрото го забележале соседите кои се обиделе да влетаат во куќата, но не можеле бидејќи вратата била заклучена. Најпрво поверувале дека пожарот настанал случајно, па во паника ги повикале Бернадин и децата со надеж дека ќе ги разбудат. Никој не се посомневал дека мајката сè испланирала однапред.
Малку порано Бернадин започнала кампања за собирање хуманитарна помош бидејќи, како што навела во објава на страницата GoFundMe, се нашла во тешка ситуација по битката за старателство со таткото на близначките.
Како што се испоставило, двојката се развела во 2017 година со заедничко старателство, но таткото на децата отишол на суд во 2023 година, откако Бернадин донела одлука да се пресели во предградијата на Сент Луис. Во списите на случајот, таткото изразил загриженост дека неговата поранешна сопруга ќе биде поблиска со нејзината мајка, која ја опишал како „психотична“.
Таа наводно имала проблеми и со вториот сопруг, кој е татко на Џексон и Мила.
Татковците не сакале да зборуваат за медиумите и побарале сите да ги остават на мир за да ги оплакуваат своите деца.