Еден од врвните микробиолози во земјава, професор д-р. Никола Пановски, во изјава за Сител рече дека државата прави голема грешка размислува за одложување на почетокот на учебната година. Според него, учебната година требало да почне на 15-ти август и два месеци децата да имаат настава надвор и со отворени прозорци.
“Нелогично е да се одложува школската година. Училиштата требаше да се отворат на 15 август со што два месеци ќе имаше можност за настава со отворени прозори. Септември не е толку опасно со отвопрени прозорци, наставата да се проветрува и делумно часовите да се одржуваат надвор. Главен удар се очекува после 15 ноември кога започнува грејната сезона Тогаш е многу важно да се престане да се собираме по школски дворови и да не се прават родендени, тоа би биле епидемиолошки бомби и од едно ќе може вирусот да се пренесе на 10 деца“.
Според Пановски во училиште треба да одат само првачињата и децата од шесто одделение, кои се запознаваат со нови наставници, како и оние од прва година средно образование. Тој вели дека проблем ќе бидат и настинките, поради што повторно може да биде загрозен здравствениот и економскиот систем на земјата.