Епидемологпт др. Никола Пановски за Локално вели дека и понатаму здравствената состојба ќе зависи од вакцинирањето против вирусот Ковид 19. Тој предуипредува дека бројот на заболените од Ковид 19 ќе продолжи да расте.
– Требаше да бидат воведени нови здравствени мерки уште пред месец и половни. Сега е доцна. Бројот на заболени расте и ќе продолжи да расте. Но, нема да биде страшно, бидејќи голем број од населението веќе го прележаа коронавирусот, а дел пак, се вакцинирани. Поради тоа не очекувам многу голем број на граѓани со тешки клинички слики, вели Пановски за Локално.
Според епидемилогот, доколу властите навреме преземеа мерки оваа слика што сега ја имаме можеше да се одложи за подоцна.
-Не требаше да биде дозволено организирање на свадби. Ги пуштија луѓето и на одмори во Грција, кога кај нас имаше само 4 болни од короноавирус, а таму 4.000. Грците бараа ковид тест, а нашите не. Со други зборови кај нас се е подготвено вирусот да се шири се повеќе и повеќе. Сега и да се донесат здравствени мерки, веќе е доцна. Сепак нема да биде полошо, отколку што беше, – рече Пановски.
Comments are closed.