Евтината тарифа на струјата е пред укинување. Алсат неофицијално дознава дека во Регулаторната комисија за енергетика последниов период на големо се прават аналзии дали и натаму да остане евтината струја за граѓаните. Подетални информации од Регулаторната комисија за енергетика најавија до крајот на неделава.

Инаку, речиси пред две години владата предводена од СДСМ ја врати евтината тарифа на струја, а ова им беше едно од главните предизборни ветувања. Примената започна од октомври 2017-та. Секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот и по 22 часот до 7 наутро граѓаните имаат можност да ја користат, како и секоја недела преку целиот ден. Според информации на Алсат, заговорнциите на идејата за укинување на евтината струја настапиле со став дека цената на струја во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас модел на користење на струја како евтина тарифа нема никаде. Од друга страна, биле изнесени аргументите дека Македонија не може да се споредува со држави со многу повисок стандард и ваквата одлука дополнително би го оптовариле домашниот буџет.

По стапувањето на сила на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, исто така беше отворено прашањето за укинување на евтината тарифа на струјата. Од Европската Енергетска Заедница беше посочено дека укинувањето ќе биде неминовно со образложение дека никаде во Европа не постои ваква поволност за граѓаните. Сепак и покрај притисокот, властите во земјава тогаш одлучија евтината струја да остане. Сега одлуката може да се очекува да биде официјализирана по формирањето на новата Влада. По ова ќе следува и двомесечен период на таканаречена адаптација кога ќе треба да се штелуваат броилата.