Потпретседателката на српската Влада, Зорана Михајловиќ наскоро ќе почне да тренира бокс. Одговарајќи на прашањата на новинарите како успеала да ја дотера линијата, таа открила дека со помош на промена на начинот на исхрана и со советите на еден белградски доктор успеела да “симне“ 18 килограми.
-Сакам добро да се чувствувам и убаво да изгледам, а имам и доволно години, па затоа морам да водам сметка за своето здравје. Морам да бидам во добра форма ако сакам да бидам успешна во работата – вели потпретседателката која додава дека пет пати во неделата оди на тренинг, каде вежба пилатес, но наскоро почнува да тренира и бокс.
-Сакајте сѐ себеси, тоа е најдобриот рецепт и тогаш е многу полесно – порачала Зоран Михајловиќ.