Два астероиди ќе поминат покрај Земјата во наредните денови, а НАСА предупреди дека тоа ќе биде блиска средба со карпа „со големина на патнички авион“. Интересно е што еден проповедник кој го предупредува на судниот ден, исто така упати ужасно предупредување за претстојната средба.
Технологијата за откривање вселенско тело значително се подобри во последните години, при што астрономите известуваат за поголем број „блиски средби“ со небесните тела. Ќе бидеме сведоци на една ваква средба оваа недела.
Астероидите биле забележани пред само неколку дена, што уште еднаш потсетува на опасноста што ја создаваат неоткриени небесни тела. Овие две астероиди ќе поминат на безбедно растојание, повеќе од 1,5 милиони километри.
Сепак, на 1 септември ќе имаме многу поблиска средба, кога вселенско тело со дијаметар од 28 метри, официјално именувано 2011 ЕС4, ќе помине покрај Земјата на растојание една третина помала од онаа помеѓу нашата планета и Месечината.
Астероидот ќе помине покрај земјата со брзина од скоро 30.000 километри на час, а НАСА го означи како „потенцијално опасен астероид“, заради можниот ризик што го претставува на нашата Земја.
Додека во 2011 година, ЕС4 скоро сигурно ќе помине покрај нашата планета на безбедно растојание, пасторот Пол Бигли издаде остри предупредувања најавувајќи го крајот на светот.
- Потврдено е, огнени апокалиптични топки доаѓаат кон нас, тие се движеа во наша насока – рече овој самопрогласен пророк во неодамнешното видео на својот профил на YouTube.
Бигли манипулира со пасуси од Библијата што тој ги наведува како „доказ“ дека планетата е во смртна опасност од доаѓањето на „апокалиптичките огнени топки“.
Тој тврди дека „повеќе од 100 тони вселенска прашина и карпи“ ќе паднат во нашата атмосфера секој ден како знак на претстојната апокалипса. Се разбира, нема научна основа за овие тврдења.