Натали Имбрулја се прослави во 1997 година со синглот Torn, кој беше дел од нејзиниот дебитантски албум Left of the Middle. Таа нумера ѝ донесе популарност ширум светот.
Иако ѝ предвидуваа успешна кариера, таа сепак реши да се повлече од јавната сцена и да му се посвети на семејниот живот. На 44 години станала мајка на едно момче. Живее мирен живот и, како што вели, тоа моментално најмногу ѝ годи.
Таа денес има 46 години, а изгледа како да не остарела ни ден. Како што признала самата, нема ништо против пластична хирургија и додала дека за добриот изглед може да им се заблагодари на естетските корекции, но и на добрата генетика.
„Можеби би требало да им се заблагодарам на моите родители за одличните гени“, рекла таа, додавајќи дека редовно планинари и се занимава со јога за да ја задржи добрата форма на телото.
Натали открила дека клучен дел од нејзината секојдневна рутина е редовната хидратација на организмот, но и на кожата.
„Премногу го сакам сонцето, па соодветно на тоа, ја негувам и својата кожа. На пример, пијам многу вода“, нагласила пејачката.