Ученик (14) од седмо одделение на ОУ „Владислав Рибникар“, кој на денешен ден, пред точно три месеци, изврши грозоморен масакр во кој со пиштолот на татко му уби девет негови врсници и еден работник од обезбедувањето, планирал да убие уште многу деца! Како што дознава српски Курир, тој им признал на инспекторите дека направил список со деца што сака да ги убие, односно открил дека на неговата прва листа има над 25 имиња!
– Направив список за отстрел. На него имаше преку 25 имиња и сфатив дека е сепак премногу, па се откажав од него. Тој ден кога дојдов на училиште решив да пукам по ред, наводно раскажало момчето убиец.
Кога го прашале зошто го направил тоа, нели тие му биле пријателите кои доаѓале на неговите родендени и тој одел кај нив, рекол дека не се.
– Бев отфрлен, не ми беа пријатели. Затоа и го направив тоа – рекол најмладиот масовен убиец во Србија, кој на истражителите им рекол и дека злосторството го инспирирала документарна серија за масовните убијци во училиштата.
Да потсетиме, на 3 мај во 08:40 часот со ранец и два пиштола момчето-убиец влегло во училиштето, пукало во обезбедувањето, потоа во девојчињата кои ги затекнал во ходникот, а потоа влегол во своето одделение VII/ 2, кое било на час по историја и ги убил своите соученици во училницата. Тоа утро уби девет врсници и еден чувар, а рани четворица.