Последната снимка на Мерилин Монро е направена само неколку дена пред нејзината смрт. Таа била целосно приватна, а на јавноста и станала позната сосема случајно.
Ова е последната позната снимка на Мерилин Монро. Создадена е на крајот на јули 1962. година, а на неа се гледа како актерката позира на плажа, позирајќи му на фотографот Џорџ Борис. Ја направиле случајни минувачи кои присуствувале на фотографирањето.
Џорџ подоцна изјавил дека на актерката се гледало дека „нешто ја мачи“. Нејзиното расположение варирало од хистерична смеа до неразумни солзи. Таа била расеана и не обрнувала внимание на тоа што и кажуваат.
Мерилин Монро била пронајдена мртва на 5. август 1962. година во нејзиниот стан во раните утрински часови од нејзиниот психијатар Ралф Гринсон. Нејзината куќна помошничка, Јунис Мареј, почувствувала дека нешто не е во ред. Видела светлина под вратата, но не можела да влезе во собата.
Веста за смртта стана насловна страница на сите весници во тоа време. Стапката на самоубиства во Лос Анџелес се удвои по смртта на актерката, а весниците секојдневно добивале десетици повици и писма во кои читателите барале лда откријат што се случило со познатата актерка и пејачка, пишува порталот The vintage news.
– Смртта на Мерилин Монро е страшна лекција за сите оние кои сакаат да навлезат во приватноста на ѕвездите и да претураат низ нивните животи – истакна тие денови францускиот уметник Жан Кокто.
На погребот на најпознатата русокоса од тоа време присуствувале само нејзините најблиски, додека околу гробиштата се собрале стотици љубопитни набљудувачи.
Популарноста на актерката, која трае до ден денес, е тесно поврзана со нејзиниот имиџ кој беше пласиран во јавноста. Мерилин, од една страна, беше секс симбол, модна икона и една од најпознатите ѕвезди на стариот Холивуд.
Од друга страна, таа беше позната по турбулентниот приватен живот, трагичното детство и ексцесното однесување. За неа пишуваа и новинарки и феминистки. Некои ја сметаа за жртва на студијата кои и го уништија животот. Уште еден борец за некаква слобода кој на крајот немаше сили да го издржи притисокот и очекувањата на јавноста.