Поранешна голманка на САД е уапсена за злоставување на деца

by Тони Зографски

Поранешната голманка на женската фудбалска репрезентација на САД, Хоуп Соло била уапсена во Северна Каролина поради обвинување за злоупотреба на деца, давање отпор при интервенција на полицијата и брзо возење.

Полицијата соопшти дека Соло била приведена во четвртокот на паркинг, додека била во возилото со своите две деца, по што следело сослушување и таа е пуштена од притвор.

„По совет на адвокатот, Хоуп не може да зборува за целиот случај, но сака сите да знаат дека децата се нејзиниот живот и веднаш беше пуштена на слобода“, вели адвокатот Рик Николс.

Ова не е првпат против неа да се води постапка, затоа што во 2018 година ги нападнала своите роднини, но тогаш Судот досуди дека не е виновна.

Во исповед за телевизијата „ЕСПН“, Хоуп призна дека често биле тепани од мајка им додека биле деца затоа што жената била аколхоличар, а семејството живеело сиромашно, додека во 2017 година голманката го обвини Сеп Блатер дека ја нападнал.

останати вести