Активистот и бизнисмен Роберт Милески синоќа на својот Фејсбук профил објави дека глутница од 20-тина кучиња нападнале 14 годишно дете.
Тој објави фотографија од која се гледа локва крв и појаснува „вака вчера изгледаше пред скалите на градскиот пазар во Струга, откако била искасана жена од глутница кучиња“.
„Вака вчера изгледаше пред скалите на градскиот пазар во Струга – локва крв од искасапена жена од глутница крволочни кучиња!
Да не е полошо, вечерва нов напад на преку 20 кучиња врз 14-годишно дете.
Се молат членовите на Анима Мунди да дојдат во Струга и да вдомат по едно улично куче, како што направив јас, наместо само да паламудат кога жртвите се кучиња“, стои во објавата на Милески на Фејсбук.